Skip to main content

Предлог-закон од ВМРО ДПМНЕ: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предвидува услов пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство.

Предлогот, кој е доставен по скратена постапка, предвидува дополнување на членот 2, со нови одредби според кои кандидат за пратеник мора „да е државјанин само на Република Македонија“, покрај останатите постојни услови како полнолетство, деловна способност и неосудуваност.

Во документот, кој е потпишан од повеќе пратеници, меѓу кои и Антонио Милошоски, се наведува дека целта е да се уредат условите за избор на пратеници и да се прецизираат критериумите за вршење на функцијата.

Предлог-законот предвидува и усогласување со Изборниот законик во рок од 30 дена по неговото евентуално стапување во сила, додека примената би започнала со објавување во „Службен весник“.

Иницијативата доаѓа во период на засилени политички обвинувања околу поседување странски државјанства кај носители на јавни функции, што повторно ја отвори дебатата за лојалноста и законските ограничувања за избраните претставници.

Поврзани вести