
Здружението на медицински сестри по анестезија, реанимација и интензивна нега предупредува дека има се помалку сестри на одделенијата за интензивна нега и дека здравствените власти треба сериозно да се зафатат со решавање на овој проблем.
Претседателката на здружението Јулијана Казанџиска вели дека состојбите се загрижувачки и дека една сестра се грижи за четири до пет пациенти.
Бројката на овие сестри е многу мала, треба да биде еден пациент-една медицинска сестра, а кај нас реално во оваа ситуација имаме четири до пет пациенти на една сестра. Тоа е загрижувачки и алармантно бидејќи тоа се пациенти кои се под 24-часовен мониторинг и мора да изнајдеме решение, вели Казанциска.
Причините за недостигот го гледаат во ниските плати и недоволното вреднување на трудот.
Ова мора да биде аларм за нашите здравствени институции бидејќи тоа се одделенија каде се грижиме за најкритичните пациенти, а бројот е се помал. Медицинските сестри го напуштаат работното место од причина што се се помалку вреднувани, платени, а се повеќе се оптеретени и тие наоѓаат друг начин кариерата да ја насочат во земјите во странство, предупредуваат од Здружението.

Македонски


