
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, 54-годишниот Г.Т., под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според информациите од МВР, пријавениот во текот на 2023 и 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економски оператор од Кочани. И двата договори биле во вредност од по 236 000 денари со важност од една година.
Во договорите за седум производи била понудена цена која била дури 12 пати пониска од онаа на другите понудувачи.
Градоначалникот наместо да побара дополнително појаснување за овие ниски цени, како што налагаат процедурите, тој ги пречекорил своите овластувања.
Од полицијата велат дека тој го фаворизирал правното лице од Кочани и му овозможил да ги добие двата договори за набавка на стоки за потребите на Општина Делчево.
„Со ваквото постапување, пријавениот му овозможил на правното лице да се стекне со имотна корист“,се наведува во извештајот.

Македонски


