
Културните работници организирани од Синдикатот на култура на Македонија денеска ги искажаа своите протестни барања на мирен собир пред Министерството за култура, откако вчерашната средба помеѓу претставниците на синдикатот и претставниците од Министерството за култура не резултираше со успешен договор.

Дел од протестните барања кои присутните културни работници ги истакнаа на протестот се почитување на достоинството на нивната професија и јасно барање да не се поништува колективниот договор.
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за култура објави дека по средбата со претставниците на Синдикатот на културата на Македонија очекуваат разговорите да продолжат и во наредниот период со поинтензивна диманика.
Од Синдикатот на културата вчера посочија дека договор со надлежното министерство не е постигнат и најавија одржување на денешниот протест бидејќи како што велат колективниот договор е под удар, правата се газат, а културните рабтници се на тој начин се понижени.

На денешниот протест беа истакнати транспаренти со пораки „Културата не се поништува“, „Колективниот договор назад веднаш“, „Со култура во победа“ и „Со кого Скопје ќе биде град на културата“.


Македонски


