Skip to main content

Претставување на Националниот конзерваторски центар – Скопје и промоција на книгата „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“ во македонскиот КИЦ во Софија

Со особено задоволство ве покануваме на настан посветен на вредностите, предизвиците и современите перспективи на заштитата на културното наследство.

На 17 април 2026 година, со почеток во 18:30 часот, во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија, директорот на Националниот конзерваторски центар – Скопје, м-р Александар Јорданоски ќе ја претстави установата, нејзината дејност, мисија и континуираниот придонес во заштитата на културното наследство.

Во рамките на настанот ќе се одржи и промоција на неговата најнова книга „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“ (2025), дело што произлегува од долгогодишно професионално искуство и научна зрелост. Книгата претставува кохерентна и аргументирана целина во која културата се согледува како темелна врска меѓу идентитетот, историската меморија и современите општествени процеси, но и како простор на одговорност, критичка мисла и визија.

Со стручен и промотивен осврт ќе се вклучи и д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста – советник конзерватор, која ќе се осврне на значењето на книгата во контекст на современите предизвици во заштитата на културното наследство.

Настанот претставува значаен придонес кон меѓународната афирмација на Националниот конзерваторски центар – Скопје, зацврстувајќи ја неговата улога како релевантна институција во областа на заштитата на културното наследство и унапредувајќи ја соработката и размената на знаења на меѓународно ниво.

Поврзани вести