
Канада и европските земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, ја разгледуваат можноста за создавање „европско НАТО“ по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сериозно ја разгледува можноста ги повлече САД од алијансата, пишува „Волстрит журнал“.
Според изданието, Европејците сакаат да го зголемат своето присуство на командните и контролни позиции во НАТО и да ги дополнат американските воени сили со свои.
Во моментов, целата структура на НАТО е изградена околу американското лидерство на практично секое ниво – од логистика и разузнавање до највисоката воена команда на алијансата.
Идејата веќе добила поддршка од Германија, која со децении се спротивставуваше на француските повици за поголема европска одбранбена автономија. Потегот на Германија го отвора патот за поширок консензус меѓу другите земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Полска, нордиските земји, како и Канада.
Тие сега го гледаат овој резервен план како „коалиција на подготвените“ во рамките на НАТО.

Македонски


