
Две камери на вториот кат, три на првиот кат каде што се наоѓа и неговата канцеларија и три на приземје. Сериозни сомнежи за злоупотреба на видео надзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија, објави а1.on.mk.
Како што пренесува порталот, според сведоштвата, во институцијата е поставена мрежа од најмалку осум камери – распоредени на повеќе катови, кои ги покриваат ходниците, влезовите и пристапите до канцелариите. Но, она што ја прави ситуацијата алармантна, велат вработените, не е самото постоење на камерите – туку начинот на нивна употреба.
Во канцеларијата на директорот е поставен монитор поврзан со сите камери. Според вработените, уредот е постојано вклучен и се користи за директно следење на нивното движење.
Целиот текст на а1.on.mk.

Македонски


