Skip to main content

Кој е Трајче Пеливанов? Обвинителот од СЈО кој сослушувал сведоци пред Зоолошка сака да го води Обвинителството за гонење организиран криминал

Кон крајот на ноември треба да се избере прв човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој треба на оваа функција да го наследи Ислам Абази.

Во оваа трка за прв човек ОJО ГОКК се вклучени обвинителите Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Еден од кандидатит за оваа функција е Трајче Пеливанов кој обвинителската кариера ја започнува во 2009 година, во скопското обвинителство, каде што работи до 2015 година. Тој беше дел и од тимот обвинители во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а за обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција беше избран во април 2021 година. Во одреден период беше и привремен шеф на ова обвинителство, односно додека траеше суспензијата на Вилма Русковска. Пред две години беше избран за виш обвинител во скопското Вишо обвинителство, објави „Нетпрес.мк.

Пеливанов смета дека искуството, но и успешноста во работата, му се најсилната страна.

„Сметам дека токму јас сум вистинскиот избор за шеф на ОЈО ГОКК со оглед на моето две децениско јавно обвинителско искуство, интегритет и професионален пристап кој сум го докажал во моето досегашно постапување. За јавен обвинител сум избран во 2009 година, имам скоро тригодишно искуство како јавен обвинител во ОЈО ГОКК, при тоа три месеци раководев со тоа обвинителство, а и безмалку две години бев заменик на шефот на ОЈО ГОКК. Низ мојата долгогодишна кариера сум постапувал во предмети со особено комплексни и сериозни кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција. Обвиненијата кои сум ги застапувал завршиле успешно во сите судски истанци, вклучително и пред Европскиот суд за човекови права. Сметам дека во постојната јавно обвинителска организација ретко кој го поседува моето искуство во постапување на сите јавообвинителски нивоа во најсложените кривични предмети, а истовремено и со успешно раководење на институцијата за која преферирам на шефовското место“, вели Пеливанов во своја изјава за Фокус.

На прашањето пак, што му е потребно на ова обвинителство за да може безкомпромисно да се спротивстави на сериозниот криминал и кои ќе бидат неговите заложби доколку биде избран, Пеливанов вели дека дава посебен осврт во неговата Програма за избор.

„По однос на ова прашање давам посебен осврт во мојата Програма за избор која е во завршна фаза на изготвување и која се разбира ќе имам можност да ја презентирам и направам достапна на секого“, велеше обвинителот.

Сепак, неговата работа во корумпираното СЈО е поврзана со скандал за кој во 2022 година пишуваше Сведок.

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, објави тогаш СВЕДОК .

„Доказите исчезнале во периодот кога обвинителството беше обезглавено и со него раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати“.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Според сознанија на Нетпрес, додека бил дел од корумпираното СЈО, Пеливанов телефонски викал на сослушување сведоци пред Зоолошката градина во Скопје.

Инаку во еден случај кога требало да се сослуша сведок за предмет од СЈО, Пеливанов пред Зоолошката градина Скопје дошол со Ленче Ристевска и со обвинителот Артан Ајро.

Пеливанов беше вклучен во повеќе големи случаи како застапник на обвинението, меѓу кои се „Организатори за 27 април“, „Таргет – Тврдина“, а некои од нива паднаа во повисока инстанца.

Извор Нетпрес.мк

Поврзани вести