
Полицијата во виетнамскиот град Хо Ши Мин уапсила 12 луѓе осомничени за кражба на околу 2.700 мачки за нивна употреба за месо, објавија виетнамските државни медиуми.
Во рацијата бил идентификуван 39-годишниот Луу Тан Бин, како наводен водач на групата. Против него и уште 11 лица е почната истрага.Според првичните информации, тој купувал украдени мачки, а потоа ги препродавал за месо. Во соработка со добавувачи и други лица, од 23 часот до 4 часот наутро со мотоцикли шетале низ населбите барајќи жртви. Предвидена бројка за една вечер им била меѓу четири и десет мачки.
Осомничените ја признале вината за стореното дело.
Консумирањето кучешко и мачешко месо е нормално во дста делови на источна Азија. Во Виетнам почесто се консумира во северниот дел на земјата, особено меѓу постарите генерации. Сепак, со тек на времето оваа традиција полека изумира кај младите генерации кои овие животни ги чуваат како домашни миленици.
Поради тоа, во 2024 година во Виетнам, над 250.000 луѓе потпишаа петиција со која се бара прекин на продажба на ваквото месо.

Македонски


