
Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнел денеска ги повика државите да преземат конкретни мерки за да им се спротивстават на американските санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) и да ја заштитат неговата работа, оценувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да ја ослаби и уништи таа институција.
Санкциите на претседателот Трамп се осмислени со цел Меѓународниот кривичен суд да се изолира и на крајот да се уништи. Овој напад кој го загрозува самиот опстанок на Судот мора да биде осуетен. Државите мора да преземат конкретни мерки за да се спротивстават на воведувањето на овие мерки и активно да го заштитат Судот – изјави Ерика Гевара Росас, виша директорка на Амнести Интернешнел за истражување, јавни политики, застапување и кампањи.
Таа, како што се наведува во соопштението на организацијата, предупреди дека воздржаноста на државите, попустливоста и неподготвеноста да им се спротивстават на нападите врз меѓународната правда ги охрабриле оние кои настојуваат да ја поткопаат.
Гевара Росас истакна дека иднината на МКС и на меѓународната правда во целина зависи од подготвеноста на владите и граѓаните да ја бранат таа институција.
Според неа, Меѓународниот кривичен суд претставува едно од најважните достигнувања на повоениот меѓународен поредок, бидејќи почива врз принципот дека одговорните за геноцид, злосторства против човечноста и воени злосторства можат да бидат повикани на одговорност без оглед на нивната моќ, положба или националност.
Премината е границата. Ова е напад врз самата можност оние кои се одговорни за најтешките злосторства според меѓународното право да се повикаат на одговорност, без оглед на тоа колку се моќни – предупреди Гевара Росас.
САД денеска соопштија дека воведуваат санкции против Меѓународниот кривичен суд, што значи забрана за трансакции со судот, намалување на ресурсите наменети за судот, како и ограничување на можностите за работа на судот

Македонски


