
Со победата над ТФТ и поразот на Куманово од Работнички, екипата на Тиквеш е најголемиот добитник на последната суперлигашка рунда. Кавадарчани убедливо го совладаа лидерот ТФТ и влегоа во првата „шесторка“ која ќе се бори за шампионската титула во македонското првенство.
Последното 22. коло ја „подели“ првенствената табела на два дела. Во првата „шесторка“ која ќе бара место во плејофот, се пласираа екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш Голден Игл.
Во плејаут сегментот, се екипите од 7. до 12. место, односно Чаир 2030, МКК Куманово, Работнички, Феникс 2010, Гостивар и Ангели.
Резултати во 22.коло:
Гостивар – Феникс 76:74
Маџари – Ангели 106:81
Работнички – Куманово 76:72
Тиквеш – ТФТ 102:74
Чаир – МЗТ Скопје 76:68
Кожув – Пелистер 89:82.
Табела:
ТФТ 41 бод,
МЗТ Скопје 40,
Пелистер 36,
Маџари 34,
Кожув 34,
Тиквеш 33,
Чаир 33,
Куманово 32,
Работнички 31,
Феникс 30,
Гостивар 28
Ангели 23.

Македонски


