
Српската полиција денеска приведе тројца државјани на Албанија под сомнение дека сториле кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост.
Полицијата се сомнева дека денеска на денот кога се одбележува почеток на агресијата на НАТО, еден од осомничените на својот профил на Фејсбук, објавил видео на кое е во автомобил „Ауди“ во друштво на други две лица и вози по автопат низ Србија, несоодветно прикажувајќи ги симболите на „голема Албанија“, како и вербално, во негативен контекст, ја споменува Србија, со непримерни зборови.
Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што со кривична пријава, ќе бидат приведени во Специјалното одделение за борба против високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Македонски



