
Украина одбива да одржи претседателски избори во 2026 година, пишува весникот „Тајмс“.
Како што јавува изданието, изборната комисија на Украина соопштил дека гласањето ќе биде невозможно додека не престанат борбите. Во соопштениет се додва дека тие се подготвени да ја почнат кампањата шест месеци по воспоставувањето прекин на огнот.

Ова ефикасно ја исклучува можноста за одржување претседателски избори оваа година и го комплицира дијалогот со Соединетите Американски Држави, каде што Доналд Трамп инсистира на изборен процес во рамките на мирно решавање на војната.
Киев нагласува дека таквата ситуација е без преседан и бара почитување на меѓународните стандарди, вклучително и барањата на Советот на Европа, што дополнително ги одложува подготовките и го прави одржувањето избори за време на војната практично невозможно.
Одлуката би можела да ги зголеми тензиите со Соединетите Американски Држави, кои инсистираат на одржување на изборите во рамките на постигнување можен мировен договор, коментира весникот.

Македонски


