Skip to main content

Преминувањето на летно време годинава ќе се случи на 29 март

Македонија, заедно со повеќето европски држави, кон крајот на март ќе премине од зимско на летно сметање на времето. Оваа промена традиционално се случува во последниот викенд од март.

Преминувањето на летно време годинава ќе се случи на 29 март. Во текот на ноќта, стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред.

Во 02:00 часот, времето директно ќе се префрли на 03:00 часот.

Со оваа промена денот ќе биде подолг за еден час, додека ноќта ќе се скрати. Целта на летното сметање на времето е подобро искористување на дневната светлина во текот на летните месеци.

етното сметање на времето ќе важи до последниот викенд во октомври, кога часовниците повторно ќе се вратат еден час наназад и повторно ќе започне зимското време.

Поврзани вести