
Раководствата на Охрид и на Олимпијакос постигнаа заеднички договор да нема организирано водење гостински навивачи на нивните натпревари од четвртфиналето на ракометниот Европски куп.
– Имајќи ги во предвид немилите настани кои се случија за време на одигрувањето на финалниот натпревар во ЕХФ Купот во натпреварувачката сезона 2024/2025 кој требаше да се одигра во Скопје помеѓу екипите на РК Алкалоид од Република Македонија и РК АЕК од Република Грција, а кој поради веќе познати причини не беше одигран, Ве информираме дека по барање на Европската ракометна федерација, ГРК Охрид и РК Олимпијакос по меѓусебната комуникација овие минати денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија дека двете екипи нема да вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери на натпреварите на кои ќе се јават како организатори од четврт-финалната фаза на ЕХФ Европскиот куп, соопшти ГРК Охрид.
Македонскиот претставник ќе биде домаќин на реваншот во четвртфиналето, на 4 април во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Македонски


