Во Чаир нападнат возач на ЈСП Хроника 19.03.2026 На 18.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје, С.Д.(58) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир, додека управувал автобус на ЈСП, бил физички нападнат од П.В.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.