
На дваесет лица им е дијагностициран менингитис во југоисточна Англија.
Владата соопшти дека станува збор за невидена епидемија, која веќе одзеде два живота.
„Она што нè загрижува во врска со епидемијата во Кентербери се брзината и обемот на ширење на болеста“, изјави денеска британскиот министер за здравство Вес Стритинг за Би-би-си.
„Ситуацијата се развива бргу и би можеле да се појават повеќе случаи“, предупредија британските здравствени власти.
Досега сите засегнати се млади. Повеќето од случаите се поврзани со ноќен клуб што го посетиле студенти во Кентербери од 5 до 7 март – рече министерот за здравство.

Македонски


