Skip to main content

Собошлај со порака до соиграчите: Мора да се разбудиме или Ливерпул ќе игра во Конференциската лига

pixabay

Унгарскиот репрезентативец и фудбалер на Ливерпул Доминик Собошлај ги повика соиграчите „да се разбудат“ откако „црвените“ одиграа нерешено 1:1 на Енфилд со Тотенхем. Притоа гостинскиот тим голот за израмнување го постигна во 90.та минута.

Најжесток во критиките кај англискиот шампион беше токму Унгарецот.

Повторно во последната минута, не знам по кој пат сезонава се случува. Не знам што да кажам. Мора да се разбудиме. Ако продолжиме вака следната сезона ќе играме во Конференциската лига“, изјави Собошлај.

Голот на Тотенхем во 90 минута беше осми сезонава што тимот на Арне Слот го прима во финишот и со тоа е соборен негативниот рекорд од сезоната 2010/2011 кога Ливерпул примил седум голови.

Ливерпул има 49 бодови и се наоѓа на петтото место. 

Поврзани вести