
Врз основа на објавениот конкурс за драмска дејност објавен од страна на ЈУ „Културно информативен центар – Скопје, на ден 26.1.2026 година, во времетраење од 20 дена, до 14.02.2026 година, беа пријавени 20 апликации, информираат од КИЦ-Скопје.
Kомисијата од областа на Драмска дејност за 2026 година на ЈУ „Културно информаривен центар“ – Скопје, ги разгледа сите пристигнати апликации на објавениот конкурс, и со финансиска поддршка ги одобри следниве драмски претстави:
1. Друштво за едукација и услуги „Театар за тебе“- Изабела Јакимова „Знаме и куфер“ авторска современа дуо драма
2. Друштво за едукација и услуги „Театар за тебе“- Изабела Јакимова – Детска претстава 3+: „Лоракс & Последното дрво
3. ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ ДЕЈНОСТИ ,,ТЕАТАР ХИТ” СКОПЈЕ – ,,Младата чорбаџика”- театарска претстава – работена по мотивите од делата на големиот автор Марко Цепенков
4. Здружение за едукација, промоција и афирмација на современи, изведувачки и дигитални уметности АРТ КУЛТ-УРА! Скопје, Борче Начевски, претседател едукативна, интерактивна, театарска претстава за деца со работен наслов: “ЅВЕЗДЕНИ ПЕРНИЧИЊА“
5. Бојан Лазаров – „Басните оживуваат“ – детска театарско – танцова претстава по мотиви на Басни од Езоп “
6. Продукција Арториум – Бранко Атанасов – Театарска претстава ,,Итар Пејо’’
7. Државно средно училиште со ресурен центар „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска, директор – „Џо во земјата на чудата и пиперките“

Македонски

