После празничните денови , време е повторно да се сретнеме таму каде што душата ужива -на театарската сцена.
И нека ова бие ваша прва културна авантура во новата годна.
Ве покануваме на претставата ,,Сомнително лице,, од големиот Бранислав Нушиќ, која ќе се одигра на 15 и 16 јануари, со почеток во 20.00 ч.
Со хумор, драма и исклучителна игра на актерите , ве очекува вечер исполнета со емоции и многу смеа.
Добредојдовте назад во театарот-место каде што приказните оживуваат.
Улоги:
ЈЕРОТИЕ ПАНТИЌ, Началник на околија – Марјан Ѓорѓиевски
АНЃА, негова жена – Валентина Грамосли
МАРИЦА, нивна ќерка – Јулијана Мирчевска
ВИЌА, обвинител – Никола Пројчевски
ЖИКА, полициски инспектор – Филип Мирчевски
МИЛИСАВ, полициски инспектор – Петар Спировски
ТАСА, помлад инспектор – Борче Ѓаковски
ЃОКО – Никола Стефанов
АЛЕКСА ЖУНИЌ, околиски шпиун – Александар Копања
СПАСЕ, трговец – Александар Стефановски
МИЛАДИН, трговец – Васко Мавровски
АЛЕКСА, виртуелен асистент – Сандра Грибовска Илиевска