
Во Народен театар – Битола започнаа пробите за претпоследната премиера за оваа година. Се работи за комедијата „Ни треба пејачка“ во режија на Ненад Витанов а по текст на Кен Лудвиг.
Во претставата играат: Валентина Грамосли, Кристијан Танчевски, Анастасија Трајковска, Александар Димитровски, Сандра Грибовска и Јулијана Мирчевска.
Дејствието во текстот на Лудвиг се одвива во 1934 година во хотелски апартман во Кливленд, каде што сè е подготвено за настапот на светски познатиот тенор Тито Мерели. По низа комични недоразбирања, сопругата го напушта, а по испиена преголема доза апчиња, менаџерот мисли дека тој е мртов. За да се спречи скандал, помошникот Макс се маскира во него и настапува наместо него, но хаосот настанува кога вистинскиот тенор се буди и се упатува кон театарот, создавајќи низа забуни со идентитетите до самиот крај.
Премиерата е закажана за декември оваа година.

Македонски


