
Актери на НУ Народен театар Битола денеска отпатуваа во Полска каде на фестивалот „Direction East“ ќе ја изведат претставата „Кориолан“ од Шекспир во режија на Џон Блондел.
На меѓународниот фестивал во Бјалисток, битолските актери ќе настапат на 16 октомври, односно на претпоследната фестивалска вечер од културниот настан кој почна на 10 октомври.
Театарската претстава „Кориолан“ во која настапуваат актерите Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Ѓоргиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска, годинава беше одиграна на „Охридско лето“, „Шекспир фестивал“ во Верона и „Магичните ноќи во Бутринт“ во Саранда, Албанија.

Македонски


