Skip to main content

„Епл“ преместува дел од своето производство од Кина во САД

Американската технолошка компанија „Епл“ (Apple) соопшти дека ќе премести дел од производството на десктоп компјутери „Мек мини“ (Mac Mini) од Азија во Хјустон. Предвидено е производствените линии да бидат во функција до крајот на годината.

„Епл“ уште во август минатата година најави дека ќе вложи 600 милијарди долари во САД во следните четири години.

Фабриката во Хјустон ќе создаде илјадници нови работни места, а ќе има и напреден центар за обука на работници во производството.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај минатата година ѝ се закани на „Епл“ со царина од 25 проценти за производите што ги произведува во странство.

Директорот на „Епл“ Тим Кук истакна дека компанијата е „цврсто решена да ја поддржи иднината на американската индустрија“.

Минатата година „Епл“ почна со производство на сервери за вештачка интелигенција во Хјустон.

„Епл“ и понатаму ќе има производствени капацитети во Азија, првенствено во Кина, како и во Виетнам, Тајланд и во Индија, каде ќе се произведуваат и „ајФон“ (iPhone) и „ајПед“ (iPad).