Skip to main content

Инфлуенсер во Виена фрли 10.000 евра од балкон, предизвика хаос

На една од главните улици во Виена, Маријахилфер Штрасе, инфлуенсерот Максимилијан Вајсенбек, познат како МаксаМилион, фрлил 10.000 евра, предизвикувајќи врева меѓу толпата собрана под неговиот балкон.

Стотици млади луѓе се туркаа и бркаа по банкноти, а некои се лизгаа по снегот.

Настанот беше промоција на неговиот бренд Gamechanger Socks , но се претвори во врева што ги шокираше минувачите.