
Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy ), актерот Ерик Дејн (53) почина помалку од една година откако јавно проговори за својата тешка дијагноза – амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Американскиот актер беше најпознат по улогата на харизматичниот д-р Марк Слоун, д-р Мек Стими во серијата „Вовед во анатомија“.
Храброста и отвореноста на Ерик Дејн за битката со болеста што постепено му го промени животот, оставија силен впечаток во јавноста.
Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство во изјава за „Дејли Мејл“.
– Со тешко срце ја споделуваме веста дека Ерик почина во четврток попладне по храбра борба со АЛС. Тој ги помина последните денови опкружен со блиски пријатели, неговата посветена сопруга и ќерките Били и Џорџија, кои беа центарот на неговиот свет – се вели во соопштението.
Зад себе ги остава сопругата Ребека Гејхарт и двете ќерки, Били Беатрис (15) и Џорџија Џералдин (13).

Македонски



