
На 17 февруари 2026 година, во 15:57 часот, од Итна медицинска помош до СВР Скопје било пријавено дека на стариот пат кон село Кучевичка Бара се случила тешка сообраќајна незгода.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ и патничко возило „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски таблички. Од здобиените повреди, возачот на „форд фиеста“ починал на самото место, додека возачот на „фолксваген голф“ со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во КЦ Мајка Тереза – Ургентен центар.
Поради увидот, сообраќајот на стариот пат кон село Кучевичка Бара во моментот е пренасочен.
Надлежните информираат дека се преземаат сите потребни мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода и за целосно расчистување на случајот.

Македонски



