Skip to main content

Брачен пар повреден во сообраќајна несреќа на патот кон Богомила

МВР

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во средата вечерта на регионалниот пат во велешко, на крстосницата која ги поврзува селата Извор и Богомила.

Според информациите од СВР Велес, незгодата била пријавена вчера (12 февруари) околу 18:20 часот, кога патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки излетало од коловозот. Зад управувачот бил 65-годишен жител на селото Горно Јаболчиште, додека на совозачкото место се наоѓала 66-годишна сопатничка од истото село.

Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот поминал со полесни повреди. Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес, каде што им била укажана лекарска помош.

На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа на СВР Велес, а се утврдуваат причините за излетувањето на возилото од патот.

Поврзани вести