Skip to main content

Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул

Фејсбук профил на Дејан Пројковски

На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, еден од најтрофејните македонски режисери, Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија, со што уште еднаш ја зацврсти својата позиција на меѓународната театарска сцена.

Ова е второ вакво признание за Пројковски на истиот фестивал, по наградата освоена на 9. издание пред две години, што сведочи за континуитетот на неговата авторска визија, уметничката зрелост и доследниот ангажман во современиот театар.

Со оваа награда, Пројковски се вбројува меѓу најистакнатите режисери од регионот, чија работа и препознатлив сценски ракопис добиваат висока оценка и од меѓународната публика и од театарската критика.

Неговите претстави гостувале на сцените во Италија, Германија, Турција, Франција, Англија, Србија, Хрватска, Полска, Албанија, Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Иран, Словенија.

Поврзани вести