
Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, е незадоволен од ремито 3:3 со Викинг синоќа во второто коло од Лигата на шампионите.
– Секако, разочарани сме. Иако домаќините водеа со 2:0, целосно ги надигравме во второто полувреме, го најдовме нашиот ритам бевме самоуверени и поведовме со 3:2. Но, следуваше црвениот картон на Олисе. Се смени сè. Направивме премногу грешки против добар тим. Викинг се силни во одбраната и чекаа на своите шанси во нападот. Но, мислам дека покажавме каков тим сме во второто полувреме. Со таков настап, требаше да победиме. Но, добивме само еден бод, рече Кејн по натпреварот.
Со максимални шест бода во водство се Барселона, Спортинг и Арсенал. Баерн е четврти на табелата со четири освоени бода

Македонски


