Skip to main content

Зголемен борјот на туристи и ноќевања

Во периодот јануари – август 2026 година, во однос на истиот период претходната година, вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава е зголемен за три проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 3,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вкупниот број ноќевања покажува раст од 3,7 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 2,2, а кај странските за 5,7 отсто.

Според ДЗС, во август годинава 244 513 туристи оствариле 934 042 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 46,4 отсто биле домашни, а 53,6 проценти биле странски. Бројот на ноќевањата изнесувал 934 042 од кои 70,8 отсто од домашните туристи, а 29,2 од странски туристи.

Во август најмногу туристи, 45 747, дошле од Турција, 13 166 од Србија, 7 457 од Романија и 7 324 од Германија.

Поврзани вести