Skip to main content

Турција забранува услуги на социјалните мрежи за деца под 15-годишна возраст

Freepik

Турција им забрани на платформите за социјални медиуми да обезбедуваат услуги за деца помлади од 15 години, според новите прописи објавени во Службен весник.

Прописите, кои во Турција стапуваат на сила на 1 ноември, бараат од платформите да воведат проверка на возраста на корисниците – притоа обезбедувајќи заштита на личните податоци – и да понудат специфични услуги и алатки за родителска контрола за малолетници постари од 15 години.

Според агенцијата „Анадолија“, родителите ќе можат да управуваат со поставките на сметките на своите деца, да го ограничуваат времето на користење и да одобруваат платени трансакции. Проверката на возраста за постоечките сметки мора да се заврши до 31 март 2027 година, а сметките што им припаѓаат на корисници помлади од 15 години ќе бидат затворени.

Прописите се дел од новиот закон за социјални медиуми усвоен од турскиот парламент во април, пренесе „Фонет“.

Поврзани вести