Skip to main content

Царина заплени 595 сребрени прстени

Царински службеници на граничен премин Блаце при контрола на автомобил открија дури 595 сребрени прстени, кои сторителот со намера да избегне плаќање давачки ги имал скриено под седиштата.

Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Прекршокот е снимен со телесни камери.

Поврзани вести