
Обид за нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол бил спречен од царинските службеници при контрола на стока која требало да влезе во земјава.
Пратката била пријавена како индустриска сол, а увозникот, кој е производител на храна, доставил и изјава дека производот ќе се користи за индустриски цели. Сепак, при проверката било утврдено дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска сол како што било наведено во документацијата.


Од Царинската управа посочуваат дека според домашните прописи, солта наменета за исхрана задолжително мора да биде јодирана, поради можните штетни последици врз здравјето од употребата на нејодирана сол.
Против осомничените е поведена соодветна постапка, а по решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, целата количина од 2,8 тони сол е уништена на депонијата Дрисла.

Македонски




