Skip to main content

Зошто се задишуваме кога се искачувме по скали?

Фрипик

Веројатно сте го доживеале чувството на замор по искачување по скали. Тоа е честа појава кај луѓе од сите возрасти и нивоа на физичка подготвеност, но дали искачувањето по скали навистина треба да нè направи позаморни?

Иако може да биде нормално, може да биде и причина за загриженост или дури и предизвик за подобрување на физичката подготвеност.

Логично, искачувањето по скали е потешко за вашето тело отколку одењето по рамна површина. Чувството на недостаток на воздух по искачување по скали е „она што го нарекуваме нормален физиолошки одговор“, изјавила за Huff Post, д-р Кетрин Полџиерс, по спортска медицина на Универзитетот во Луисвил.

Ако сте без здив една или две минути, но лесно можете да го вратите здивот, тоа не е причина за загриженост“, рекол Карл Ериксон, специјалист за перформанси по спортска медицина на клиниката Мајо.

Сепак, иако може да биде сосема нормално да се чувствувате уморни по качување по скалите, постојат неколку црвени знамиња што можат да укажуваат на загриженост.

Дали вашето отежнато дишење е нов проблем што никогаш порано не се случил? Или се влошува? Ако одговорот на кое било од овие прашања е да, треба да разговарате со вашиот лекар за потенцијални основни проблеми.

Основните состојби како срцева слабост, дебелина, хронична белодробна болест, пушење цигари, па дури и анемија можат да го влошат отежнатото дишење што го чувствувате по качување по скалите.

Времето што ви е потребно за да се опоравите е исто така секогаш добар индикатор. Нормално е вашето дишење да биде побрзо една или две минути по качувањето на неколку скали. Но, ако остане покачено повеќе од три минути или подолго време, тогаш тоа може да биде причина за проверка – советува Ериксон за Huff Post.