Skip to main content

Јокиќ вториот играч со најмногу трипл-дабли во историјата на НБА

Facebook / Denver Nuggets

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна трипл-дабл на натпреварот против Чикаго и му помогна на својот тим да дојде до победа со 136:120.

Српскиот кошаркар мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот.

Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот Јокиќ. Со тоа, тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го Оскар Робертсон.

Прв на списокот е кошаркарот на Сакраменто кингс, Расел Вестбрук со 207 трипл-дабл учиноци.

Поврзани вести