
Хрватскиот државен инспекторат итно го повлече од пазарот производот „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), формула за бебиња, поради зголемено присуство на бактеријата Bacillus cereus. Како што соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH), одлуката е донесена врз основа на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, соопшти Индекс.хр“..
Повлекувањето се однесува исклучиво на пакувањето од 400 грама со следните спецификации:
Рок на траење: 17.05.2026 година
ЛОТ број: 111444865
Производител: Nutricia Export BV, Холандија
Според информациите објавени од хрватските медиуми, производот не е во согласност со регулативите на Европскиот парламент за безбедност на храна. Дистрибутер за Хрватска е компанијата „AWT International d.o.o.“.

Македонски






