
Денес го славиме роденденот на нашиот и вашиот Битолски театар!, велат од театарот.

81 година дом на уметноста, местото каде што заедно ги живееме најубавите театарски приказни.
Во чест на 81 година на НУ Народен театар Битола – првиот театар во нашата земја и во спомен на сите колеги кои низ годините беа дел од оваа голема театарска приказна, директорот Васко Мавровски заедно со првенците на театарот Валентина Грамосли и Петар Горко положија цвеќе пред спомен плочата на стариот битолски театар.
Од срце ја поздравуваме нашата верна публика – без вас овој театар не би бил тоа што е. Ви благодариме за секој аплауз, за секое враќање во салата, за поддршката, љубопитноста и љубовта кон театарот.
Вечерва славиме со премиера и го отвораме 11 Битола Шекспир Фестивал.
Ве очекуваме да ја споделиме магијата заедно!

Македонски








