Skip to main content

Нетанјаху вели дека се согласува на прекин на огнот, но израелските војниците ќе останат во јужен Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека е договорен 10-дневен прекин на огнот во конфликтот на Израел со либанското движење Хезболах, но кажа дека израелските војници ќе останат во „засилена безбедносна зона“ во јужен Либан.

Се согласив на привремен прекин на огнот од 10 дена. Целта е да им се даде шанса на разговорите за мировен договор со Либан, кои започнаа со состанок на претставници од двете земји во Вашингтон во вторникот“, рече Нетанјаху во видео порака по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека договорил примирје меѓу Израел и Либан.

Нетанјаху истакна дека за време на прекинот на огнот, израелската армија ќе остане во „засилена безбедносна зона“ во јужен Либан.

Тој рече дека зоната се протега од Медитеранот до сириската граница и е широка околу 10 километри. Според Нетанјаху, намерата е да се заштитат градовите во северен Израел од нападите на Хезболах.

Имаме можност да склучиме историски мировен договор со Либан“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер потврди дека Трамп ги поканил него и либанскиот премиер Џозеф Аун на разговори за таков договор, како што објави Трамп на социјалните мрежи.

Оваа можност постои само затоа што Израел постигна фундаментална промена во рамнотежата во борбата против Хезболах во последните години“, рече израелскиот лидер.

Поврзани вести