
Претседателот на Русија, Владимир Путин известен е за напредокот на руската војска за време на посетата на командниот штаб, каде му се соопштено дека повеќе од 10.000 украински војници се опколени во областа на Купјанскаи Красноармејска.
Инаку во напад со руски беспилотни летала врз Киев загинаа три лица, изјави денеска градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.
Според првичните извештаи, три лица се убиени, а 27 се повредени (вклучувајќи 6 деца) во киевскиот округ Десњански, објави Кличко на Телеграм.
Главниот град беше нападнат од непријателот по вторпат во изминатите 24 часа. Три лица беа убиени, се вели во соопштението на службата на Телеграм.
Спасувачите работат на последиците од нападот со беспилотно летало во округот Десњански, каде што избувнаа пожари. Беспилотно летало удрило во деветкатна станбена зграда, при што 13 лица беа спасени од горните катови. На друго место, беспилотно летало удрило во 16-катна зграда, кршејќи прозорци од првиот до деветтиот кат, соопштија службите за вонредни ситуации.
Според извештаите, дрон оштетил и зграда во областа Оболонски.

Македонски








