Skip to main content

„Македонски сновиденија“ – Националниот џез оркестар на отворањето на 25. Есенски музички свечености

Концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар, под диригентство на Владимир Николов, ќе го отвори 25. издание на „Есенски музички свечености“. Концертот ќе се одржи на 25 октомври во 20:00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија.

Овој проект претставува ново поглавје во работата на Националниот џез оркестар – првпат од неговото формирање оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, како и оригинални композиции инспирирани од македонскиот фолклор.

Покрај самата концертна изведба, проектот е замислен и како авторска иницијатива на оркестарот, со планови за снимање, архивирање и понатамошна интеграција на материјалот во творечкиот опус на оркестарот.

Поврзани вести