Без вода денеска од 15:00 часот се дел од корисниците во Сопиште.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект 6/4 на ул. 35/бб во Сопиште, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 27, 29 и 35.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.