Skip to main content

Саниран е дефектот поради кој утрово имаше недостиг на вода во Куманово

МИА

Екипите на АД водостопанство „Кумановско-липковско поле“ го санираа дефектот кој предизвика намален дотур на вода во градот Куманово, соопштија надлежните од претпријатието.

Дефектот е саниран и има непречен пристап на сурова вода до Куманово и до јавното претпријатие – изјави директорот на претпријатието, Дарко Живковски.

Поради дефектот, на четвртата грана од системот за наводнување беше исклучен доводниот вод, бај-пас, и поради дефектот беше исклучен и стариот доводен водоводен вод, поради што значително се намали количината на сурова вода до филтер станицата. Граѓаните од високите зони од Куманово утрово се соочија со недостиг на вода, додека потрошувачите од пониската зона со намален притисок на вода.

И од ЈП „Водовод“ Куманово ги информираа граѓаните дека дефектот на четвртата грана во тунелот под магистралниот пат успешно е саниран.

Во тек е полнење на четвртата грана, по што водоснабдувањето на Општина Куманово нормално ќе продолжи преку бајпас-системот – изјави директорот на претпријатието, Игор Липковски.

По завршувањето на постапката, се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано, со што ќе се воспостави стабилно и редовно снабдување со вода за пиење на територијата на општината. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbet