По повод големиот јубилеј на Македонско радио и Македонска телевизија, KomshiLOOK создаде впечатлива светлосна инсталација на задната фасада на зградата на МРТВ во Скопје.
Инсталацијата ја симболизира посветеноста на јавниот сервис, ги одбележува 80-годишнината на радиото и 60-годишнината на телевизијата, покажувајќи ги броевите 80 и 60 низ прозорците на зграда, додека логото на МРТ се појавува вертикално.
Инсталацијата, која ги користи канцелариските светла за создавање на визуелна симболика, опфаќа 604 прозорци и 147 канцеларии. Се реализираше со цел да ја истакне важноста на МРТВ во формирањето на македонскиот идентитет и неговата долгогодишна улога во обединувањето на луѓето.