Skip to main content

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти

Репуб.лика

По редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство д-р Арбен Таравари во изјава за медиумите информираше дека денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување девет пациенти од установите во Скопје, а од странство се враќаат осум пациенти.

Во моментот вкупно 24 пациенти се лекуваат во установите во Скопје, од кои 7 во клинички центар, 6 во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ – 8, во ГОБ „8 Септември“ и во приватните болници се тројца пациенти. Од нив, денес 9 пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување. Исто така, од странство денеска се враќаат 8 пациенти, по двајца од Австрија, Белгија, Турција и Хрватска. Имаме најави и за враќање на други пациенти, важно е дека сите се во стабилна и добра состојба, освен четворица, кои се критични, но се подобри во однос на вчерашниот ден, информираше министерот Таравари.

Во моментот, во странски медицински центри се лекуваат 108 пациенти, а во текот на вчерашниот ден се вратија пет пациенти.

Се повеќе добиваме податоци за пациенти, кои се екстубирани, кои се префрлени на одделение или за кои се планираат операции од пластични хирурзи и се надеваме дека во наредните денови се повеќе пациенти ќе се враќаат во земјава, посочи Таравари.

Поврзани вести