Skip to main content

Седум од десет жени испитуваат рак на дојка на приватно

Freepik

Раната превенција од рак на дојка е клучен момент – и токму тука Македонија потфрла. Повеќе од 70% од пациентките со рак на дојка испитувањата ги прават на приватно заради премногу долгото чекање за термини во државните болници, ова го покажуваат податоците на здружението Хема Онко кои во месец октомври кој е посветен на борбата против ракот на дојката се приклучуваат кон кампањите за подигнување на свеста за ова малигно заболување.

На самиот настан со убав гест пациентите беа поздравени и охрабрени за нивната борба од случаен минувач кој даде поддршка на работата на зздружението Хема онко кој се фокусирани на онколошките пациенти.

Од Хема Онко велат дека добиле ветување од Министерството за здравство дека ќе се воспостави национален регистар за онколошки пациенти.

Октомври е месец на свесност за рак на дојка ширум светот, со цел да се зголеми вниманието и поддршката за подигнување на свеста, раното откривање, лекувањето, како и палијативната грижа за оваа болест.