Skip to main content

Пијалак направен од овие четири состојки ви помага да ослабете

Freepik

Во потрага по поздрав живот и идеална телесна тежина, многу луѓе се свртуваат кон природни решенија кои можат да го поддржат процесот на слабеење.

Станува збор за рецепт кој вклучува само четири лесно достапни состојки, а подготовката трае само неколку минути. Клучот за неговата популарност лежи во тврдењата дека може да го забрза метаболизмот, да го намали апетитот и да помогне во согорувањето на масните наслаги.

За да го подготвите овој пијалок ќе ви требаат: банана, лимон, краставица и ѓумбир.

Прво, исечете ја бананата на мали парчиња и згмечете ја во сад додека не добиете мазна смеса. Позната е по тоа што е богата со растителни влакна и нискокалорична, поради што дава чувство на ситост и може да помогне во контролата на апетитот.

Потоа се додава сок од еден лимон, што придонесува за подобро варење и го освежува целиот пијалок. После тоа, половина краставица се ренда во смесата, која содржи многу вода, но многу малку калории – што ја прави идеална за оние кои сакаат да го намалат внесот на храна.

На крај, додадете мало парче свеж ѓумбир, рендано директно во садот. Ѓумбирот е познат како моќен природен додаток кој придонесува за чувство на ситост и дава енергија.

Откако ќе се соединат сите состојки, во смесата се истураат три чаши топла вода. Напитокот треба да се остави да отстои неколку часа, а потоа да се процеди. Се препорачува да се консумира 15 минути пред оброците, за најдобар ефект.

Комбинацијата од влакна, витамини и вода го прави овој сок погоден за секојдневна консумација.

Поврзани вести