Skip to main content

Петардите не се играчка, може да предизвикаат сериозни повреди на очите, дланките, не ги користите, предупредуваат лекарите од Клиниката за пластична хирургија

Клиниката за пластична хирургија, во соработка со Министерство за внатрешни работи ја финализираше едукативната кампања во средни и основни училишта за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на петарди, што се одвива под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“.

Лекарите од Пластична хирургија посочуваат дека во изминатите години се сведоци на животозагрозувачки повреди настанати при експлозија на петарди. Петардите не се играчка, нивното користење е забрането, и можат да предизвикаат сериозни повреди на очите, на дланките, изгореници и тешки повреди на телото од недозволено користење пиротехнички средства.

Министерот за здравство, Азир Алиу по тој повод упатува апел до јавноста да не се користат пиротехнички средства за празниците, кои може да доведат до сериозни последици по здравјето и до траен инвалидитет.

Поврзани вести