Skip to main content

Ова е диетата која им ја препорачувам на моите пациенти кои боледуваат од рак, вели д-р Басара

Професорката д-р Надежда Басара е една од водечките хематолози, онколози и трансплантанти на матични клетки во светот. Во интервју за магазинот „Здравје без лекови“, таа открива каква диета им препорачува на нејзините пациенти, кои боледуваат од најтешките болести.

На моите пациенти им ја препорачувам медитеранската исхрана, со најмалку три различни бои: три пати неделно печена риба со зеленчук, двапати неделно пилешко или мисиркино месо, свеж зеленчук, салати, многу течности, по можност три литри дневно, вели Басара.

На прашањето како таа се грижи за своето здравје и како се храни, таа го кажа следново:

Секој ден пешачам најмалку 30 минути, возам велосипед и играм бадминтон на теренот зад куќата. Јадам умерено: два пати неделно јадам риба и многу зеленчук, салати и маслинки. Пијам многу течности, најмногу чај и вода.

Српската докторка Надежда Басара, чие име стана синоним за успех во областа на хематологијата и трансплантација на матични клетки, живее и работи во Германија повеќе од една деценија, каде што целосно се посвети на спасувањето човечки животи.

Што е медитеранска исхрана?

Медитеранската исхрана или диета во последните шест години е меѓу најпопуларните на планетата. Програмата вклучува многу овошје, зеленчук, морска храна, здрави масти, а нема да погрешите ако повремено се почастите и со чаша црвено вино.

Исхраната ги вклучува и мешунките и житариците. Јадењата најчесто се приготвуваат со маслиново масло. Медитеранската исхрана делува превентивно на кардиоваскуларните заболувања и го намалува ризикот од мозочен удар, дијабетес и рак.

Поврзани вести