Skip to main content

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

Фото: Freepik

Хируршките интервенции за намалување на висината стануваат нов тренд во турските клиники, една од водечките дестинации за медицински туризам во регионот, објави телевизијата СиЕнЕн-Турк.

Според весникот „Поста“, Турција е сè попопуларна за естетски операции за намалување на висината, особено меѓу жени кои својата висина ја сметаат за недостиг или имаат различна должина на нозете.Турските клиники нудат процедури во кои, со скратување на фемурот и тибијата, се постигнува намалување на висината од 3 до 8,5 сантиметри.

Клиниките тврдат дека по операцијата не остануваат лузни, а пациентите се отпуштаат за 3 до 5 дена. Сепак, за време на закрепнувањето, пациентите мора да користат помагала за одење или инвалидска количка во период од два месеца, при што повеќето можат да одат самостојно од шестата недела. 

Поврзани вести