
Уникатно и несекојдневно предавање за вечно популарната тема за односот помеѓу виното и кардиоваскуларното здравје. На овој начин е најавена специфичната, стручна, едукативна работилница „Вино и срце“ што ќе се оджи во рамки на осмото иние на Скопскиот вински салон – Винодонија 2024.
Д-р Емилија Лазарова од Универзитетска клиника за кардиологија Скопје, ќе ги води посетителите низ фактите и податоците за влијанието од умерено консумирање вино врз срцето и неговата комплексна структура и функција. Во текот на работилницата, д-р Лазарова ќе отрие помалку познати факти, но и ќе разбие одредени митови кои сме ги негувале.
Научете повеќе за вашето срце за да го засакате виното на вистинскиот начин, порачуваат организаторите на Винодонија.

Предавач: Д-р Емилија Лазарова, Универзитетска клиника за кардиологија Скопје
14. декември 2024, 15:00 ч.
Скопје Мериот хотел
Meeting Room D (прв кат)
Влезот за работилницата е слободен.